Диего Армандо Марадона е бесен на судиите после вчерашниот натпревар.
Еден од најдобрите на сите времиња, според многумина и најдобар, Диего Армандо Марадона го следи овој натпревар како навивач на Аргентина, а во вчерашното осминафинале навиваше за Колумбија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбија беше елиминирана после пенали, а Марадона смета дека е оштетена.
„Колумбија доживеа грабеж“, започна „Ел Пибе“.
„Судијата Гајагер кој е Амариканец ги знае правилата за бејзбол, но очигледно не ги знае фудбалските. Тој е лопов, Кејн направи прекршок при пеналот, а тој место прекршок во напад досуди пенал“.
„Народот во Колумбија заслужува извинување за тоа што им се случуваше во текот на вчерашниот натпревар“, изјави Марадона.