Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ може кариерата да ја продолжи во Катар, пренесува „Тутоспорт“.
Хрватот не влегува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари и нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампиони.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, сега има шанси Манџукиќ да ја прифати понудата од Блискиот Исток.
Трансферниот прозорец во Европа се затвора денес, па Манџукиќ готово сигурно нема да се пресели во друг европски клуб.
Меѓутоа, трансферите во Катар се отворени до крајот на септември, а неколку клубови се заинтересирани за хрватскиот напаѓач.