Заминувањето на Манџукиќ од Јувентус е една од главните теми во италијанската спортска јавност.
Од претходно е познато дека Манџукиќ не е во плановите на Сари и дека во текот на зимата сигурно ќе го напушти Торино, но и понатаму не е познато која ќе биде неговата следна дестинација. Манчестер Јунајтед, Милан, Гуангжу се само некои од клубовите со кои искусниот напаѓач се поврзуваше, а во игра повторно е опцијата заминување во Катар за неверојатни услови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека тамошнуиот Ал Духаил е упорен во намерата да го доведе Манџо во своите редови, а наводно добил понуда од неверојатни осум милиони евра на годишно ниво. Ал Духаил се смета за еден од најдобрите клубови во Катар. Манџо во Јувентус е од 2015. година и од тогаш за „Старата дама“ одигра 117 натпревар и постигна 30 гола.