Новиот менаџер на Зенит, Роберто Манчини многу сериозно ја работи работата откако пристигна во Русија.
Странските медиуми пишуваат дека странскиот менаџер веќе има направено листа на фудбалери кои сака да ги донесе во Зенит, а на неа се наоѓа и едно големо име. Станува збор за хрватскиот репрезентативец, Марсело Брозовиќ, кого Манчини веќе го тренираше во Интер, па сега со задоволство би сакал да го види и во својот нов клуб.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Освен Брозовиќ, кој на големо се поврзува со заминување од Интер, цел на Зенит се уште тројца фудбалери од Серија А и тоа Џејсон Мурило (Интер), Папу Гомез (Аталанта) и Андреа Конти (Аталанта).
Според некои медиуми, Манчини покажал интерес и за доведување на Един Џеко, но тешко може да се верува дека овој трансфер ќе се случи. Зенит сезоната во руската Премиер лига ја заврши на третото место, зад Спартак и ЦСКА, а тоа значи дека нема да настапи во Лигата на Европа.