Дома Фудбал Репрезентации Манчини: Турција има талентирани играчи, жалам за Сенси и Пелегрини

Манчини: Турција има талентирани играчи, жалам за Сенси и Пелегрини

Стратегот на Италија, Роберто Манчини ја одржа прес-конференцијата пред натпреварот против Турција кој ќе биде прв на Европското првенство.

На прес-конференција Манчини беше смирен и стабилен, а порача дека Италија цели највисоко.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„На овој турнир многу очекувам од моите момци. Сакам да стигнеме далеку и да се забавуваме. Првиот натпревар секогаш е најтежок, мораме да ја респектираме оваа Турција, имаат талентирани играчи“.

„Штета што стадионот нема да биде полн, но и 16.000 се подобро од празена стадион. Нашата цел е да стигнеме до Лондон, ова е само почеток. Жалам за повредите на Сенси и Пелегрини, заслужија да бидат дел од овој турнир. Како и да е сакам оние кои ќе излезат да се забавуваат“, изјави Манчини.

Последен пат Италија и Турција на едно Европско првенство се сретнаа во 2000 година кога играа финале со Франција и беа поразени со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…