Дома Фудбал Италија Манчини откри до кога планира да остане селектор на Италија

Манчини откри до кога планира да остане селектор на Италија

Селекторот на Италија, Роберто Манчини откри дека планира да го напушти кормилото на репрезентацијата после Мундијалот во 2022 година.

Манчини ја презеде репрезентацијата во мај 2018 година и до сега има 15 победи, 7 ремија и 2 порази.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„После Светското првенство во Катар нема да бидам селектор. Тогаш ќе му се вратам на клупскиот фудбал. Во репрезентацијата се играат малку натпревари и се уморувам да седам дома. Голема чест е да бидам селектор на Италија, сега ни престојат две важни натпреварувања, ЕП и Мундијал и ќе дадам се од себе да се претставиме на ниво“, изјави Манчини.

„Кој може да не наследи? Не знам, има многу тренери кои би можеле да ме наследат. На пример Макс Алегри, Карло Анчелоти или Гасперини“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Микел Артета најави значително отсуство во Арсенал: Ќе биде надвор од теренот неколку месеци

Mикел Артета, тренерот на Арсенал, одржа прес-конференција пред натпреварот со Сандерленд …