Дома Фудбал Италија Манчини: Никој не сакаше да биде селектор на Италија

Манчини: Никој не сакаше да биде селектор на Италија

Селекторот на Италија, Роберто Манчини изјави дека никој немал желба да ја преземе репрезентацијата на „аѕурите“.

Манчини се согласи да седне не „жешкото“столче и успеа да ја однесе Италија на Европско првенство со 10 победи од 10 меча во квалификациите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Јас кога пристигнав, никој не сакаше да го тренира националниот тим, тие ме прашаа мене и јас веднаш кажав, да! Многумина се плашеа да влезат по една тешка ситуација, но и овие работи се дел од фудбалот и ви треба малку самодоверба и да верувате во квалитетите на младите фудбалери.  Мојата идеја беше да создадам нешто посебно, да ги придвижам играчите и навивачите, да направам добра атмосфера“,  истакна Манчини.

„Италија отсекогаш имала одлични фудбалери, а и денеска е така. Не секогаш е лесно да се победува, дури и против слаби противници, а ние сакавме да направиме нешто поинакво од претходно“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…