Дома Фудбал Италија Манчини: Ние сме Италија и сакаме да го освоиме Светското првенство, но прво мораме да мислиме на Македонија

Манчини: Ние сме Италија и сакаме да го освоиме Светското првенство, но прво мораме да мислиме на Македонија

Баражот за Светското првенство помеѓу Италија и Македонија во Палермо е се поблиску, натпреварот се в четврток од 20:45 часот.

Селекторот на Италијанците Роберто Манчини пред овој натпревар се соочува со неколку прроблеми, а посебно во одбраната. За италијанските медиуми сега на три дена до натпреварот Манчини порача дека нивна главна цел ќе биде да го освојат Светското првенство, но за тоа ќе мора да ја победат прво Македонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ние сме Италија и наша цел е освојување на Светското првенство, но прво мораме да мислиме на баражот, не чека натпреварот со Македонија. Одиме чекор по чекор“, изјави Манчини кој со репрезентативците вчера ги започна подготовките.

Манчини верува во своите репрезентативци.

„Имам огромна доверба во тимот, знам, со какви професионалци работам и колку добри фудбалери имам на располагање. Овие момци го освоија Европското првенство кога никој не веруваш во нив“, порача Манчини.

Италија и Македонија ќе се сретнат в четврток, а победникот од овој дуел ќе игра со победникот од натпреварот Португалија – Турција на 29. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…