Дома Фудбал Репрезентации Манчини испрати јасна порака до Балотели и Моизе Кин

Манчини испрати јасна порака до Балотели и Моизе Кин

Селекторот на Италија, Роберто Манчини денеска на прес конференцијата зборуваше за двата натпревари кои предстојат во квалификации за ЕП.

Италија се наоѓа на првото место во групата Ј со максимални 18 бодови, а на 12. октомври ја пречекува Грција и после тоа на 15. октомври гостува кај Лихтенштајн.


Манчини го објави списокот, а на него и натаму не се наоѓа Марио Балотели, но и Моизе Кин кој ова лето замина во Англија, а селекторот на Инталија имаше јасна порака за нив и најави дека можат да заиграат за репрезентацијата, но претходно мора да работата.

„Балотели мора да игра натпревари. Со него работев неколку години и секогаш беше доволно сериозен, има 29 години и ако сака може да дојде до годините на Рибери и повторно да игра.“

„Кин е млад играч, мора да му се даде време, дури и кога направи неколку грешки. За него гледам голема иднина на техничко ниво, тој може само да се подобрува и може да се врати.“ – изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСВ ја одбрани титулата во Холандија

Тимот од Ајндховен успеа да ја заокружи сезоната со одбрана на титулата првак на Холандија…