Дома Фудбал Италија Манчини го „пречкрта“ Балотели: Марио на трибини против Португалија

Манчини го „пречкрта“ Балотели: Марио на трибини против Португалија

Репрезентацијата на Италија вечерва игра на гости против Португалија во оквирот на Лигата на нации, а селекторот Манчини се одлучи да направи промени во тимот.

Веста на денот на Апенините е дека Марио Балотели воопшто нема да биде во конкуренција за овој меч. Напаѓачот беше стартер на мечот против Поска и одигра лошо, па беше мета на критики.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Манчини после мечот застана во негова одбрана, се реши да го испрати на трибини за вечерашниот меч против Португалија.

Имено, Манчини имаше повикано 30 фудбалери, па мораше да изостави седуммина, а меѓу нив е Балотели заедно со Заниоло, Бираги, Ругани, Крагно, Запакоста и Пелегрини.

„Скај Италија“ пренесува дека за вечерашниот меч Манчини ќе ги остави на клупа Бонучи и Киелини и стартери ќе бидат младите дефанзивци на Милан, Калдара и Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …