Ромелу Лукаку тренира, но не на местото каде што треба.
Лукаку не се појави на денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед и изгледа без дозвола тренира со младинскиот тим на Андерлехт.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Јунајтед на Лукаку му дозволил само еден ден да биде слободен, а Лукаку се уште не се вратил во тренинг базата на клубот од „Олд Трафорд“.
Лукаку сака да замине и тоа е јасно со постапките, сепак поради таквите постапки ќе биде казнет од страна на „црвените ѓаволи“.
Англискиот клуб парично ќе го казни Лукаку кој ќе треба да плати 400.000 фунти или околу две неделни плати.