Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ја совлада Сампдорија за крај на подготовките

Манчестер Јунајтед ја совлада Сампдорија за крај на подготовките

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа последниот натпревар од подготовките за новата сезона.

Избраниците на Жозе Мурињо вечерва силите ги одмерија против Сампдорија, и на крајот успеаа да слават со 2:1. „Црвените ѓаволи“ до предност стигнаа во десетата минута од натпреварот, кога по одличниот контра напад мрежата на италијанскиот тим ја затресе Михтарјан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На почетокот на вториот дел Мурињо направи голем број на измени, а Сампдорија тоа го искорости во 63. минута кога на 1:1 изедначи Прает. Меѓутоа, Јунајтед до крајот на натпреварот успеа да дојде до победа, а конечните 2:1 ги постави Хуан Мата во 81. минута од натпреварот.

Со овој натпревар Манчестер Јунајтед ги заврши подготовките за новата сезона и на 7 натпревари успеа да оствари 6 победи и еден пораз против екипата на Барселона.

 


Manchester United vs Sampdoria 2-1 All Goals… by highlightsgoals2017

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: 41-годишниот Роналдо повторно на теренот со два гола. Еве колку му недостигаат до 1000 гола

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (41) се врати на фудбалските терени по едномесечна пауза поради повреда…