Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Лестер и белгиски репрезентативец, Јури Тилеманс, пренесуваат медиумите на Островот.




Белгиецот влезе во последната година од договорот со Лестер и нема најави за продолжување бидејќи сака да ја промени средината.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е доведување на врвен играч за врска, а прва желба е Фребки де Јонг.




Поради потешкотиите да стигнат до потписот на Холанѓанецот, сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Тилеманс.




24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот, но сака да ја промени средината.




„Постои интерес од Манчестер Јунајтед и Арсенал, но засега нема конкурентни понуди“, изјави сопственикот на Лестер.