Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.
Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, после одличните настапи на Мундијалот, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.
Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.