Манчестер Јунајтед нема да биде премногу погоден со финансиска криза.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер ќе има огромни средства за засилувања во текот на летото, а неколку врвни имиња се поврзуваа со доаѓање на Олд Трафорд.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед спремил понуда од 100 милиони евра за двете ѕвезди на германскиот клуб Лајпциг.
Се бара фудбалер кој ќе му помага на Мегвајер во одбраната, а прва мета е дефанзивецот на Лајпциг, Ибраима Конате, кој е проценет на 40 милиони евра.
Солскјер го сака и напаѓачот Тимо Вернер, кој има откупна клаузула од 60 милиони евра, па е спремен да ги донесе двајцата фудбалери во „пакет“.