
Џошуа Кимих на лето може да го напушти Баерн Минхен, тврди германски „Билд“.
Баерн Минхен нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Кимих не е во добри односи со Томас Тухел и тоа е главната причина поради која одбива да преговара за нов договор.
Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Германецот, но ситуацијата будно ја следат уште ПСЖ, Сити и Ливерпул.
Баерн за слободата на 28-годишниот играч за врска ќе бара најмалку 80 милиони евра.