Дома Трансфер зона Баерн дава „зелено светло“, ПСЖ спремен веднаш да реагира

Баерн дава „зелено светло“, ПСЖ спремен веднаш да реагира

Баерн Минхен смета дека сега е вистинското време капитенот Жошуа Кимих да ја напушти „Алијанц Арената“.

Бидејќи претходно Кимих одби да потпише нов договор ова е последното лето на кое Баерн може да заработи од неговото заминување.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Веќе е познато дека гигантот од Минхен го договори трансферот на Жоао Палиња од Фулам за 50 милиони евра, па тоа практично значи дека Кимих би можел да го напушти клубот.

Како можна нова дестинација се споменува ПСЖ, Луис Енрике е голем фан на неговата игра, а исто така и иднината на Мануел Угарте е неизвесна.

Германецот беше поврзуван и со Барселона, но Каталонците моментално се справуваат со финансиски проблеми и имаат други приоритети како Нико Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…