Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спрема изненадувачки трансфер

Манчестер Јунајтед спрема изненадувачки трансфер

Раководството на Манчестер Јунајтед спрема понуда за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Лерој Сане, пренесува „Мирор“.

Јунајтед е во потрага по крилен фудбалер, па откако пропадна трансферот на Ентони од Ајакс, сега ќе се насочат кон Лерој Сане.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сане веќе играше во Манчестер, но за големиот ривал Манчестер Сити, од 2016 до 2020 година го носеше дресот на „граѓаните“ и беше дел од тимот кој освои две титули во Премиер лигата.

Доаѓањето на Садио Мане во Баерн сигурно ќе ја намали минутажата на Германецот, кој пак на „Олд Трафорд“ би имал загарантирано место во првиот тим.

Сепак, проблем е што Баерн во моментов не е спремен за продажба на Сане, но „црвените ѓаволи“ спремаат понуда која тешко се одбива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…