Според пишувањето на островските медиуми, Манчестер Јунајтед почнал да работи на трансферот на фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис.
Италијанскиот весник, „Тутоспорт“ пренесува дека холандскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со Интер и најверојатно ова лето ќе биде ставе нна продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер нема намера да го продолжи договорот на Дамфрис поради високите финансиски услови кои ги поставува. Од друга страна тоа доведува за Манчестер Јунајтед да биде еден од приоритетите за ова лето.
Информациите се дека клубот од „Олд Трафорд“ за него е подготвен да плати сума од околу 40 милиони евра. Меѓутоа, постои и опција цената на Дамфрис да се зголеми ако тој со Холандија добро се претстави на Европското првенство кое во летото кое следи ќе се игра во Германија.