Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед продлжува да разочарува: Вакво нешто му се случува за прв пат

Манчестер Јунајтед продлжува да разочарува: Вакво нешто му се случува за прв пат

Манчестер Јунајтед е еден од најпопуларните и најбогатите клубови на денешницата, меѓутоа по резултатите кои ги прикажува оваа сезона не би можеле тоа да го кажеме.

Од натпреварот во натпревар „црвените ѓаволи“ доживуваат понижувања, а последното беше видено во натпреварот од 2-то коло во Лигата на Европа кога вчера одиграа 0:0.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер на тренерот испрати тим кој имаше вредност од 249 милиони фунти, меѓутоа натпреварот Јунајтед го заврши без ниту еден шут во рамките од голот.

Такво нешто на Манчестер Јунајтед му се случува за прв пат во европските натпреварувања.

Освен тоа со ова реми екипата од „Олд Трафорд“ стигна до десет натпревари во низа без гостинска победа, а сметајќи ги сите натпреварувања на последните 22 натпревари запишаа само пет победи.

За викендот Јунајтед го чека натпревар на „Сент Џејмс Парк“ кај незгодниот Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Осимен доби и втора понуда: Сега тешко ќе може да каже „не“!

Виктор Осимен е играч на Наполи и се врати во клубот по позајмицата во Галатасарај. Намера…