Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед може да добие засилување од Баерн Минхен

Манчестер Јунајтед може да добие засилување од Баерн Минхен

Манчестер Јунајтед изгледа покажал сериозен интерес за ангажман на Бенџамин Павар и сака да го доведе до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот влегува во последната година од договорот со Баерн и не е тајна дека сака нови предизвици, посебно во тим каде што би играл како стопер. Со заминувањето на Хари Мегваер, Ерик Тен Хаг сака да ја засили конкуренцијата на Рафаел Варан и Лисандро Мартинез, па Павар изгледа како идеално решение.

Сепак, Баерн ја одби првата понуда од Јунајтед, но преговорите се продолжени. Не е познато колку Јунајтед понуди, но од претходно се шпекулира дека германскиот тим е спремен да го пушти за 30 милиони евра.

Тоа е прилично разумна и поволна цена за Јунајтед, па се би можело да биде брзо завршено. Тен Хаг со тоа би добил ново засилување откако претходно во тимот пристигнаа Андре Онана, Мајсон Маунт и Расмус Хојлунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…