Клубовите од Премиер лигата, Тотенхем и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Двата англиски клуба се силно засинтересирани за швајцарскиот репрезентативец и сакаат да го купат уште во јануари, а се спремни да го остават под наем во Мехенгладбах до крајот на сезоната.
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Јунајтед и Тотенхем се спремни да платат 44 милиони фунти за неговиот потпис.