
Англиските премиерлигаши, Ливерпул и Манчестер јунајтед влегуваат во трка за потписот на ѕвездата на Лидс, Калвин Филипс.
Келивин Филипс игра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на Европското првенство.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Јунајтед сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Погба најверојатно ќе си оди на крајот на сезоната.
Од друга страна и Јирген Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил.
Лидс за слободата на својата ѕвезда бара 50 милиони фунти, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.