Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед издоминира против Тотенхем, одличниот Лорис двапати совладан 🎥

Манчестер Јунајтед издоминира против Тотенхем, одличниот Лорис двапати совладан 🎥

Дербито на вечерта во Премиер лигата му припадна на Манчестер Јунајтед откако вечерва на „Олд Трафорд“ победен беше Тотенхем со 2:0.

Иако резултатот е 2:0, Јунајтед денес можеше да слави многу поубедливо со оглед на шансите. Колку доминираа „црвените ѓаволи“ од самиот почеток доволно зборува податокот дека Хуго Лорис имаше дури пет одбрани во првите 25 минути. И покрај таквата доминација во првите 45 минути не видовме погодок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само што започна вториот дел, после две минути игра Фред ја погоди мрежата на Тотенхем за водство. За нов гол во мрежата на вечерва фантастичниот Лорис се чекаше до 20-тина минути до крајот на натпреварот кога Бруно Фернандеш мајсторски се снајде и со одличен удар ја смести топката во мрежата.

На крајот тие 2:0 се покажаа и како конечен резултат. Треба да се знае избраниците на Ерик Тен Хаг во денешниот натпревар имаа дури 28 удари кон противничкиот гол. Кристијано Роналдо на овој натпревар остана на клупата и не доби минути од холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…