Немања Матиќ веројатно на лето ќе го напупти Јунајтед.
Имено, англсиките и италијански медиуми пишуваат дека клубот нема да ја активира клаузулата и ќе го продолжи неговиот договор на уште една година. Србинот е незадовоелн со тоа што не игра, а можеби ќе си замине на зима, проблемот се неговите високи примања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миланските клубови се заинтересирани, но не постои шанса дека Милан ќе го плати Матиќ 6 милиони евра годишно. Ќе видиме дали повторно ќе соработува со Конте во Интер, во негово време си замина од Челзи, но Италијанецот изјави дека тоа била одлука на клубот, не негова.
Матиќ имаше одлични понуди од Кина да земе големи пари, но како што се пишува, тој верува дека и понатаму може да игра на врвно ниво. Ако биде слободен, сигурно ќе има и понуди од други клубови во Премиер лигата, па во секој случај не треба да се грижи.
Солскјер иако не го користи, не сакаше да го продаде, бидејќи нема квалитетни алтернативи во средниот ред, ниту доволен број на играчи за шампионатот, домашните купови и Лигата на Европа.