Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед доби сериозна конкуренција: Тренерското „чудо“ од Чемпионшип на мета на Челзи и Брајтон

Манчестер Јунајтед доби сериозна конкуренција: Тренерското „чудо“ од Чемпионшип на мета на Челзи и Брајтон

Неодамна се појави веста дека еден од кандидатите за нов тренер на Манчестер Јунајтед е тренерот од Северна Ирска, Киеран Мекен.

Стратегот на Ипсвич направи голем подвиг со „тракторите“ кои по повеќе од две децении ги врати во Премиер лигата и со тоа го привлече вниманието на Јунајтед каде своевремено работешe како помошник и како тренер во младинските категории. Но, според последните информации „црвените ѓаволи“ добиле сериозна конкуренција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за Мекен, како и Брајтон, кои будно ја следат ситуацијата со 38-годишниот стратег.

Се погласни се шпекулациите дека Челзи е подготвен да го замени Маурисио Покетино кој со тимот се пласираше во Конференциската лига, а во клубот сметаат дека тоа не е доволно добро.

Од друга страна, Роберто де Зерби веќе го напушти Брајтон, па така тие се веќе во потрага по нов тренер. Раководството на Брајтон сака млади и преспективни тренери, а нема дилеми дека Мекен е токму таков, па тој сериозно влегол во нивните опции.

Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, а засега не се исклучува можноста Мекен и да остане во Ипсвич за да го води овој тим и во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сопствениците на Ливерпул дадоа зелено светло за рекордна понуда за Исак

Сопствениците на Ливерпул одобрија испраќање на рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл Але…