Се поголеми се шансите Маркус Рашфорд да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Рашфорд има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.
Последните информации се дека новиот менаџер Ерик тен Хаг дал зелено светло за негова продажба, бидејќи спрема реконструкција на тимот.
Оваа сезона Рашфорд не игра во добра форма, па се чини дека двете страни сакаат да се разделат на лето.
🚨 There is a growing sense that both Manchester United and Marcus Rashford might actually benefit from him being sold this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 3, 2022
(Source: @JBurtTelegraph) pic.twitter.com/26Teyaxmf9