Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го договори трансферотн на големиот италијански талент, Николо Заниоло, пренесуваат медиумите на Апенинте.
Плејмејкерот на Рома важи за еден од најголемите таленти на Апените, а „црвените ѓаволи“ се спремни да го искористат Крис Смолинг за да дојдат до неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот дефанзивец оваа сезона игра на Олимпико како позајмен фудбалер, но Рома е многу задоволна и сака да го задржи во своите редови.
Двата клуба неодамна започнаа преговори, а „црвените ѓаволи“ за Смолинг бараат сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Цената на Заниоло пак е значително повисока, но Јунајтед е спремен да понуди додатни 50 милиони евра за потписот на младиот Италијанец.