Дома Фудбал Англија Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијални договори.

Независен панел ги прогласи правилата на Премиер лигата во однос на трговските трансакции меѓу клубовите и поврзаните страни, како што е договорот на „граѓаните“ со „Етихад“, за незаконски.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поради овие прописи, Премиер лигата го отфрли новиот спонзорски договор што Манчестер Сити го потпиша со „Etihad Aviation Group“ на крајот од 2023 година, како и друг договор со банка со седиште во Абу Даби.

Советот од тројца судии пресуди дека Премиер лигата згрешила со тоа што ги суспендираше деловните операции, бидејќи елементи од регулативата на ATP го кршат Законот за пазарно натпреварување.

„Фудбалскиот клуб Манчестер Сити им се заблагодарува на истакнатите членови на Арбитражниот трибунал за нивната работа и дискусии и го прифаќа нивното решение“, истакнаа од клубот.

Англиските медиуми велат дека оваа пресуда ќе ѝ нанесе голем удар на Премиер лигата, бидејќи ќе го промени правецот на идното финансиско управување на лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иниеста со емотивно видео објави крај на кариерата🎥

Андрес Иниеста, поранешниот репрезентативец на Шпанија и легендарен фудбалер на Барселона,…