Дома Трансфер зона Манчестер Сити тргнува по Барела

Манчестер Сити тргнува по Барела

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер имаше финансиски проблеми, но претходните денови ги продаде Андре Онана и Брозовиќ, па тешко дека ќе дозволи заминување на Барела.

Гвардиола е импресиониран од класата и лидерските квалитети на 26-годишниот Италијанец и сака да го донесе на „Итихад“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сака да го задржи, но нема да може да одолее на понуда од 80 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…