Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Сити синоќа постави неславен рекорд

Манчестер Сити синоќа постави неславен рекорд

Екипата на Манчестер Сити минатата сезона собори многу рекорди како што се најмногу освоени бодови во лигата, најголема разлика во однос на вториот тим, најголем број постигнати погодоци во една сезона и други. И синоќа тимот на Гвардиола продолжи со рушење на рекорди, овој пат негативен.

Со поразот од Лион на својот стадион, екипата на Сити стана прва англиска екипа која врзала четири порази по ред во најелитното европско фудбалско натпреварување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Таа неславна серија датира уште од 7. март и реванш дуелот од осминафиналето против Базел во кој Граѓаните беа поразени со 2:1, но во првиот натпревар славеа со 4:0, па овој пораз во тој момент не беше проблем.

Следеше двомечот со Ливерпул во четвртфиналето во кое избраниците на Гвардила запишаа два порази, па синоќешниот пораз од Лион дојде како шлаг на тортата на таа неславна серија.

Интересно е што три од тие четири порази Сити ги доживеа на својот Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Светското клупско првенство ни носи три револуционерни промени

Се приближува Светското клупско првенство во фудбал. Спектаклот во режија на Џани Инфантин…