Ривалитетот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул е сликата на Премиер лигата во последните две години.
Секој кој што ја следи Премиер лигата има чувство дека во последните две години машинаеријата на Јирген Клоп му е достоен ривал на супер-тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, инетресно е да се види каков е билансот на двата тима во целиот период од 4-5 години, откако на кормилото на „Енфилд“ седна Јирген Клоп.
Можеби е изненадување за многумина, но разликата на двата тима во однос на резултатите во Премиер лигата за споменатиот период е само три бода во полза на „граѓаните“, односно 172 меча.
Оваа разлика е не е пропорционална кога се во прашање потрошените пари за трансфери на двата клуба. Постигнувањето на Ливерпул е исклучително со оглед на фактот дека за изградба на тимот има расходи од 107,7 милиони фунти. (парите од продажбата на играчи се пресметуваат како приходи).
Во исто време Манчестер Сити имал расходи од вкупно 600 милиони фунти, тоа најмногу се должи на фактот што „граѓаните“ не инкасираа големи суми од продажба на играчи.