Eкипата на Манчестер сити доживеа вистински дебакл во Лисабон каде што Спортинг ги победи со убедливи 4:1.
За избраниците на Пеп Гвардиола по поразите од Тотенхем и Бормут ова беше трет во низа и такво нешто не им се случило од 2018 година. Исто така ова е првпат Сити да биде поразен во три различни натпреварувања и да испадне од Лига Купот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно кога Сити загуби три натпревари во низа во април 2018 година беа поразени од Ливерпул на два натпревари во ЛШ и претрпеа пораз од Манчестер јунајтед во Премиер лигата.
Но, таа 2017/2018 сезона успеаа да ја освојат и Премиер лигата, но и Лига Купот.
Во следниот натпревар Манчестер сити игра против Брајтон и во случај да бидат поразени тоа ќе биде за првпат Сити под водство на Пеп да претрпе четири неуспеси во низа.