Дома Трансфер зона Манчестер Сити донесе бразилски „вундеркинд“ (видео)

Манчестер Сити донесе бразилски „вундеркинд“ (видео)

После ангажирањето на Габриел Жесус минатата сезона, Манчестер Сити е на добар пат да донесе уште еден бразилски суперталент.

Имено, англиските медиуми потврдија дека „граѓаните“ постигнале договор со Васко де Гама за трансфер на 19-годишниот Даглас Луиз.


Даглас е играч за врска кој важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка, за него интерес покажаа Борусија Дортмунд и Монако, но Манчестер Сити ја победи конкуренцијата.

Извештаите од медиумите велат дека „граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат 13 милиони евра и веднаш ќе го проследат на позајмица во шпанската Примера, во тимот на Џирона.

Тоа ќе биде шанса Даглас да ги покаже своите квалитети во Европа, да собере искуство, а потоа да се пресели на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…