Дома Фудбал Англија Манчестер Сити дематира дека му понудиле договор на Лео Меси

Манчестер Сити дематира дека му понудиле договор на Лео Меси

Шпанските медиуми вчера објавија дека Манчестер Сити испратил официјална понуда на адресата на Лео Меси.

Меси има право да преговара со други клубови бидејќи на лето му истекува договорот со Барселона. Со Сити се поврзува веќе подолго време и клубот од Етихад беше фаворит за негово ангажирање и пред почетокот на сезоната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинецот вчера се најде во центарот на вниманието откако беше објавено дека Манчестер Сити му нуди петгодишен договор и неверојатна заработка од 100 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, набрзо после тоа од Сити демантираа дека испратиле било каква понуда на Меси, односно дека му нудат астрономска цифра за да стигне на Етихад по крајот на сезоната.

Од Сити порачаа дека претходните шест месеци воопшто не биле во контакт со Меси, а особено не му понудиле 500 милиони евра за петгодишен договор.

Меси не сака да зборува за евентуално заминување од Барселона и порача дека се ќе биде познато кога ќе заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…