Ситуацијата во Манчестер не е добра и тоа е јасно.
Жозе Мурињо зад себе во Манчестер има неколку клупски легенди кои го поддржуваат неговото останување. Но тоа веројатно не е главната причина поради која Мурињо се уште е тренер на Манчестер Јунајтед, тој има голем голем договор. Негов отказ би значел тежок удар за касата на „црвените ѓаволи“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна имаме фудбалери кои се незадоволни од неговата работа, иако тоа не го потврдуваат во медиумите.
Јасно е дека првиот е Пол Погба кој е критикуван од легендите кои го бранат Мурињо, а Пол Инс го нарече дури и „идиот“.
Погба немаше добри односи со Мурињо оваа сезона. Доволно е да се сетиме на оној негов поглед од тренингот.
Вториот незадоволен е Алексис Санчез кој во овој момент е повреден, тој не е е задоволен од тоа што е резервна опција, Мурињо смета дека не е во добра форма.
Слична е ситуацијата и со Лукаку, тој трпеше критики, а од октомври не е стартер, го немаше и во натпреварот против Арсенал. Лукаку има проблем со реализацијата, но негово заминување во јануари е речиси невозможно поради големиот договор.
Значи, Лукаку, Санчез и Погба сакаат да заминат доколку Мурињо остане. Сепак, такво нешто веројатно е да се случи на лето.