Дома Топ вести Манчестерско дерби за одбраната на Тотенхем

Манчестерско дерби за одбраната на Тотенхем

Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Тотенхем 130 милиони евра за триото Кајл Вокер, Ерик Дајер и Дени Роуз, денеска објави „Daily Star“.

Истиот извор пишува дека менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињo планира целосна реконструкција на гигантот од „Олд Трафорд“, а на наведените играчи е подготвен да им понуди плата од најмалку 120,000 евра неделно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Слични желби како Јунајтед има и градскиот ривал, Сити, кој во своите редови сака да го доведе бековскиот тандем Вокер-Роуз, но Тотенхем нема во план да ги продаде овие тројца играчи.

Најблиску до заминување е Вокер поради влошените односи со менаџерот Маурсио Покетино и неговата замена е одличниот Керан Трипије, кој веќе се наоѓа во стартната постава на Тотенхем.

Тотенхем за Вокер бара 47 милиони евра, што не претстава проблем за некој од клубовите од Манчестер, кој со трансферите сакаат дополнително да го ослабат второпласираниот тим во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…