Дома Фудбал Останато Мануел Ноер откри тајна која ја чувал девет години

Мануел Ноер откри тајна која ја чувал девет години

Германскиот голман, Мануел Ноер, откри тајна која ја чувал девет години.

На Ноер неодамна му беше извршена операција поради повреда на ногата, а после истата призна дека веќе девет години брани со плочка во коленото на левата нога.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Иста ваква повреда имав и во 2008 година кога бранев за Шалке. Тогаш ми ставија метална плочка. Никогаш немав проблем и секогаш се чуствував нормално. Во секоја ситуација јас сум спремен да направам се за мојата кариера да се одвива нормално“, изјави германскиот голман.

Да потсетиме, Ноер на голот на Баерн го нема веќе неколку недели, а неговото отсуство и тоа како се почуствува во големиот пораз против ПСЖ од 3:0.

Очекувањата се Ноер да се врати на теренот на почетокот на идната календарска година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…