Дома Фудбал Англија Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане верува дека „црвените“ имаат квалитет да ја освојат титулата во Лигата на шампиони.

Петкратниот европски шампион го декласираше Порто во осминафиналето со 5:0 и утре го очекува противникот во четвртфиналето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во турнирот останаа скоро сите топ клубови. Знаеме дека ако сакаме да станеме шампиони, треба да веруваме во себе си“, изјави Мане.

„Имаме квалитет да го победиме секој тим во светот и ќе се обидеме да го направиме тоа. Сакаме да го освоиме тој трофеј и сигурен сум дека можеме да го направиме тоа прв пат после 2005 година“, оптимист е Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ешли Кол доби работа во Италија

Поранешниот англиски лев бек Ешли Кол е нов главен тренер на Чезена, која учествува во Сер…