Дома Македонски спорт Мак фудбал Манев: Ќе биде тешко, но не е невозможно да се победи Србија

Манев: Ќе биде тешко, но не е невозможно да се победи Србија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година веќе е во Белград, каде што ја очекува пресметката со Србија во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.,

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во позитивна атмосфера го очекуваат утрешниот натпревар против српската репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од клучните играчи во одбраната на штипска Брегалница во тековната сезона во ПМФЛ и неизоставен член на националниот тим до 21 година, Јован Манев даде свое видување за претстојниот дуел против Србија.

„Стоиме цврсто со нозете на земја, знаеме дека имаме шанси да се бориме за позитивен резултат, веруваме во нашите квалитети, од меч во меч се подобруваме и се надевам дека ќе продолжиме во тој ритам. Имаме одлична група на фудбалери, сите заедно веруваме во успех. Ја имаме подршката од селекторот и неговиот стручен тим, веруваат дека можеме да оствариме успех не само на мечот со Србија, туку и на средбите против Фарски Острови, Украина и Ерменија, Нема да биде лесно да се победи Србија, но не и невозможно. Го респектираме противникот, се работи за репрезентација која има голем квалитет и потенцијал, но имаат и недостатоци. Треба да бидеме смирени, фокусирани во текот на сите 90. минути и да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат.”

Натпреварот против Србија го играме утре во 17:00 часот додека на 29. март дома на арентата „Тодор Проески“ ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…