Ракометната репрезентација на Македонија имаше победа в рака против Чешка, но ја прокоцка. Иако ракометарите водеа со пет гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.

Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Мрква го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Самите сме си виновни. Имавме се, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината, вели Манасков.

За седмерецот кој го промаши на крајот, Манасков вели:

Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса.

Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Инцидент во финалето на Суперкупот: Приведен навивач од Битола, ќе има пријава и за организаторот!

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на финалето на Супер-купот меѓу…