Дома Фудбал Италија Малдини: Нема да биде изненадување ако Милан добие нови сопственици

Малдини: Нема да биде изненадување ако Милан добие нови сопственици

Од вчера веќе на големо се зборува и најавува дека Милан набрзо ќе добие нови сопственици. Доказ за тоа е и честитката од веројатно новиот газда (тука).

Дека е блиску до договор потврди и Паоло Малдини кој порача дека не би требало да биде изненадување ако Милан многу брзо добие нови сопственици, иако не сакаше да открие нешто повеќе.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не знам многу, но може да се случи да добие нов сопствник во наредниот период. Она што не можам да ви го потврдам е моментот кога тоа би се случило. За нас сега е најважно да се фокусираме на завршницата сезоната во Серија А како и Купот на Италија“, изјави Малдини.

Вчера „Ројтерс“ објави дека компанијата „Инвесткорп“ од Бахреин веќе ги договорила условите со актуелниот сопственик, инвестициската група „Елиот менаџмент“ и прашање на време е кога зделката ќе биде објавена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…