Дома Фудбал Италија Малдини му одговори на Рагник: Пред да учиш италијански, научи што значи респект!

Малдини му одговори на Рагник: Пред да учиш италијански, научи што значи респект!

Ралф Рагник на големо се споменува како нов тренер на Милан за следната сезона, но тоа направи „раздор“ во раководството на „росонерите“.

Рагник потврди дека веќе подолго време е во преговори со Милан, тој преговара со генералниот директор Иван Газидис, што беше и причина Звонимир Бобан да си замине од клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последната изјава на Рагник ја „прели чашата“, па доби жесток одговор од Паоло Малдини. Имено, Германецот изјави дека сака да има комплетна слобода, па покрај тренер сака да биде и дирктор кој ќе одлучува за техничко-спортскиот дел.

„Не ме интересираат толку парите колку влијанието кое ќе го имам. Не е тоа исто што и моќ, но во одредени ситуации моќта е потребна за работите да се променат. Сакам да имам комплетна слобода во техничко-спортскиот дел, јас сам да носам одлуки“, изјави Рагник.

На ова веднаш одговори Паоло Малидни кој е задолжен за техничко-спортскиот дел во клубот и му порача на Германецот да научи што е тоа респект.

„Не разбирам на кој основа се неговите изјави бидејќи од сопствениците не ми беше кажано ништо. Овде работат професионалци со валидни договори кои се ободуваат да ја завршат сезоната на најдобар можен начин. Му порачувам дека наместо да учи италијански, прво треба да научи што е тоа респект, генерално кон сите колеги, па и на тие кои во моментов работат во Милан, а чии позиции тој ги сака“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…