Дома Фудбал Италија Малдини го враќа Анчелоти на Сан Сиро

Малдини го враќа Анчелоти на Сан Сиро

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е под се поголем притисок после серијата на лоши резултати од почетокот на сезоната.

Во претходните денови се случуваа разни скандали во овој клуб, а се започна со поразот од Рома. Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис донесе одлука за седумдневен карантин, но фудбалерите не ја испочитуваа неговата наредба.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


После натпреварот во Лигата на шампионите против Салзбург играчите си отидоа во своите домови, а потоа одбија да тренираат.

На удар се најде и тренерот Карло Анчелоти кои наводно им ја дал дозволата да не се вратат во карантинот. Поради таа одлука Де Лаурентис бил бесен и спремен да го отпушти италијанскиот тренер, но тоа не го направил само поради големата отштета која треба да ја плати.

Меѓутоа, јасно е дека најдоцна на крајот на сезоната двете страни ќе се разделат, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.

Имено, Малдини е веќе во контакт со својот пријател Анчелоти и го убедува на лето да се врати во Милан, местото каде што ги постигна најголемите успеси.

Пиоли е само привремено решение, Милан на лето сака да донесе реномирано тренерско име, а првата желба е Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал убедливо највредниот фудбалер на сите времиња! Погледнете ја Топ 10

Рекордна процена – младиот ас на Барселона, Ламин Јамал вреди дури 279,7 милиони евр…