Македонскиот фудбалер Јани Урдинов одлучи изненадувачки да стави крај на кариерата на 28 години.
Урдинов беше член на Вележ од летото и прикажуваше добри настапи, но денес е објавено дека соработката се раскинува по барање на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За босанските медиуми Урдинов откри зошто става крај на кариерата.
„Во текот на паузата која ја имавме бев дома со децата и соругата. Кога се вратив им кажав на луѓето во клубот дека повеќе нема да се занимавам со фудбал. Сега започнувам сопствен бизнис, одлучив дека најубаво ми е кога сум дома со сопругата и децата. Во Вележ ми беше супер и на овој клуб му посакувам се најдобро. Атмосферата во Вележ беше најдобро од сите клубови каде што сум играл и тоа ќе ми недостига. На крајот размислував што е најдобро за мене и го избрав семејството“, изјави Урдинов.
Откри и за што поточно станува збор и со што ќе се занимава.
„Купив неколку деловни простори и ќе отворам некои продавници“, откри Урдинов.