Необична објава денес ни пристигнува од второлигашот Кит-Го Пехчево.
Фудбалерот на Кит-Го, Дарко Алексовски кој има прекар Пеле денес доби син и ни помалку, ни повеќе му го даде името – Нејмар!
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, Дарко Алексовски, далеку попознат како Пеле, денеска стана татко. Дарко, заедно со својата сопруга Јована, добија синче кое ќе го носи името на славниот бразилски фудбалер, Нејмар“, стои во објавата на официјалниот сајт на Кит-Го.
Фото: Кит-Го.
Коментари