Дома Македонски спорт Мак баскет Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава доминира во дресот на Париз.

Откако лани со германскиот Бон ја освои Лигата на шампионите на ФИБА и беше прогласен за МВП, најкорисен играч во натпреварувањето, истото признание сега го доби и во Еврокупот за сезоната 2023-24.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Нашиот плејмејкер доби најмногу гласови од тренерите во Еврокупот, капитените на клубовите, фановите и медиумите.

Регуларниот дел од сезоната ја заврши со просек од 17,3 поени, 3,1 скокови, 7,6 асистенции и 1,8 украдена топка по меч.

Имаме француско финале во Еврокупот, Париз за титулата ќе игра против Бург. Првиот натпревар ќе се игра денеска од 20.30 часот, три дена подоцна е втората пресметка, а третата, доколку е потребно, ќе сеи гра на 17 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…