Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските фудбалерки со победа ги започнаа квалификациите

Македонските фудбалерки со победа ги започнаа квалификациите

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Швајцарија.

Денеска во Лигата „Ц“ нашите најдобри фудбалерки триумфираа со 4:3 против летонската селекција на гостувањето во Рига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините поведоа со голот на Миксоне во 7. минута, но Македонија за кратко време направи комплетен пресврт. Рочи изедначи на 1-1, Рокане си постигна автогол за 1-2, а Андонова во 32. минута реализираше за 1-3.

Полуховица во 63-тата минута намалува на 2-3, а Ана Милчевска во 69-тата повторно ја враќа предноста од два гола за Македонија. Конечните 3-4 ги постави Миксоне во 76-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …