Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските надежи во последна минута испуштија победа против Ерменија

Македонските надежи во последна минута испуштија победа против Ерменија

Младата репрезентација на Македонија во драматичен натпревар ремизираше против врсниците од Ерменија со резултат 3:3.

Македонија во еден момент имаше два гола предност (3:1), но на крајот Ерменците со два гола во финишот успеаја да се спасат од пораз.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот погодок на мечот го постигна Јани Атанасов, кој во 25-та минута изнуди слободен удар, а потоа и го матираше противничкиот голман.

Во вториот дел во 56-та минута гостите израмнија од пенал преку Аветисјан. Сепак, Македонија исто така преку пенал на Здравковски дојде до нова предност, а потоа даде и трет гол преку Чурлинов.

Меѓутоа, ни двата гола предност не беа дволни за триумф. Најпрво во 90-та минута Амановиќ си постигна автогол, за во третата минута од судиското надопонување Аветисјан да се избори за реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…