Голманот Дамјан Шишковски кој во македонската репрезентација е резерва на Столе Димитриевски има нов клуб.
Шишковски денеска и официјално е промовиран за нов чувар на мрежата на Борац од Бања Лука.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Пристигнувам во клуб кој минатата сезона ја освои титулата во Босна и јасно ми е дека целта ќе биде одбрана на трофејот. Им благодарам на управата за довербата, а јас ќе се обидам со одбраните дап ридонесам за остварување на нашите цели“, изјави Шишковски.
За сениорската репрезентација голманот кој потекнува од школата на Работнички има 11 натпревари и во Бања Лука пристигнува од ерманскиот Арарат. Претходно од странските клубови беше дел од Гент, Лахти, РоПС и Докса.
.